Грузија

Загинати и исчезнати при свлечиште на земјиште во одморалиштето Шови

04.08.2023 20:47

Во операциите за пребарување и спасување учествуваат 400 спасувачи и два хеликоптера...

Загинати и исчезнати по лизгање на земјиште во одморалиштето Шови, во Грузија, на 140 километри северозападно од главниот град Тбилиси. Во операциите за пребарување и спасување учествуваат 400 спасувачи и два хеликоптера. Над 200 луѓе се евакуирани од зоната на катастрофата на побезбедни локации.

Според властите, лизгањето на земјиштето очигледно било предизвикано од изобилните врнежи од дожд и ерозијата во областа.