Словенија

Најмалку тројца загинати во невремето во Словенија

04.08.2023 22:17

Околу четири илјади жители, или една десетина од населението се евакуирани...

Во Словенија во незапаметеното невреме загинаа двајца Холанѓани поради удар на гром и еден словенечки државјанин во областа Камник. Во повеќе области во тек е евакуација. Регионите Медлог и Шпица во околината на Цеље се речиси целосно поплавени. Околу четири илјади жители, или една десетина од населението се евакуирани.

Тие се сместени во спортската сала Златорог, сегашен Младински центар. Струјата и гасот во поплавените места се исклучени, сите мостови во Цеље се затворени.