Македонија

Тетово во сообраќаен колапс

05.08.2023 12:20

Со доаѓањето на печалбарите и зголемување на бројот на возила тетовските улици блокирани. Граѓаните бараат инвестиции во сообраќајната инфраструктура, оти постојната нема капацитет да ги прифати возилата…

За да поминете два километри во Тетово ќе возите половина час. До секоја дестинација во градот се стигнува побрзо пеш отколку со возило.

Но, граѓаните не се откажуваат автомобилите и покрај сообраќајниот метеж во градот со пристигнувањето на печалбарите, каде има илјадници повеќе возила низ тетовските улици, а малку паркинг места и речиси иста сообраќајна инфраструктура со години.

Од СВР Тетово, велат дека во рамки на проектот „Безбедно лето“ се организираат разни активности за побезбеден сообраќај и понормален проток на возила.

Полициски службеници контролираат низ повеќе точки во градот, особено на влезовите и излезите, пренасочувајќи го сообраќајот во услови кога улиците се блокирани.

Тетово има четири булевари од кои само еден е целосно завршен. Со години нема отворено нова сообраќајница иако сообраќајниот метеж е сè поголем, а целиот транзитен сообраќај поминува низ градот оти нема обиколница.

Зоран Димовски