Македонија

Невремето ќе биде со послаб интензитет, смируваат од УХМР

05.08.2023 14:32

Од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невремето ќе биде со послаб интензитет од она што погоди дел од Балканот...

Во земјава попладнево и во вечерните часови се најавува нестабилно време со поројни дождови, грмежи и силен ветар. Од Управата за хидрометеоролошки работи смируваат дека невремето ќе биде со послаб интензитет од она што погоди дел од Балканот. Во северозападните и во источните делови е активиран портокалов аларм. Ана Јосифовска Тодоровска разговара со Јулијана Фиданоска Мишкоска од УХМР.