Здравство

Синдикалците алармираат за наталожените проблеми

05.08.2023 16:17

Клиничкиот центар да функционира како едно тело, здравствените работници да не бидат ангажирани со договор на дело – синдикалецот Беќаровски од токсикологија се надева на разбирање кај власта за проблемите во здравството. Независниот синдикат на геријатрија незадоволен од колективниот договор…

На Клиниката за токсикологија има дваесетина ангажирани со договор на дело. Ако решат да ја напуштаат клиниката, работниот процес ќе згасне. Нема да има болничари, нема да постои токсиколошка лабораторија која и сега се потпира на високообразован персонал со договор на дело. Состојбата на сите клиники е речиси иста.

Беќаровски се надева дека до Нова година ќе се исполни ветувањето на министерот, Клиничкиот центар да функционира како едно. Стручните колегиуми во секоја работна единица да ги бираат раководителите на клиниките, кои ќе мора да имаат минимум на квалификации, да бидат 20 години вработени, да имаат некое од наставните или стручните звања. Тоа ќе го врати достоинството на Клиничкиот центар.

За достоинство на здравствените установи се бори и Независниот синдикат на геријатрија. Оттаму бараат зголемување на платите за 30 проценти, наместо за 10.

Од Независниот медицински синдикат, пак, побараа повисоки плати за возачите во брзата помош и исплата на бенефициран стаж.

Вработените во здравството се надеваат дека надлежните ќе имаат слух за нивните барања.

Наташа Јанчиќ-Менковски