Приведени 27 лица во Ѓорче Петров- нема повредени во протестите
На помали повреди се пожалиле неколку полициски службеници кои ги обезбедувале протестите...

27 приведени, нема пријава за повредени граѓани во ниту една болница, ниту пак пријава за посериозна штета, информираа вечерва од МВР, по протестите во Ѓорче Петров, иницирани по вчерашното убиство на 19 годишниот Ангел.
На помали повреди се пожалиле неколку полициски службеници кои ги обезбедувале протестите, а оштетени се и неколку полициски возила.16 –мина од приведените се во полцииската станица Кисела Вода, а 11 во Карпош.
„Во протестите кои започнаа по 17 часот. Станува збор за главно млади лица на возраст од 15 до 18 години, членови на разни навивачки групи, а дел од нив биле со фантомки на главата и се однесувале поагресивно“, изјави Иво Котевски, помошник министер за односи со јавноста во МВР.
Според информациите, најагресивните елементи кои ја заведувале масата се познати од навивачки групи блиски до СДСМ. Од тие причини, како што велат од теренот, дел од навивачките групи одбиле да учествуваат во протестот бидејќи во рамките на организацијата се појавиле првите информации дека ситуацијата може да има партиско-политичка заднина. Сомнежот им го зголемиле и медиумите под контрола на опозицијата со дигање тензии, пласираат наслови за електризирање на масата и огорченост на народот кон полицијата.
Од МВР повторно со апел:
„Граѓаните да не подлегнуваат на провокации и да се однесуваат смирено, а медиумите да не објавуваат неточни и непроверени информации кои можат да предизвикаат голема штета“, изјави Котевски.
Атмосферата на протестите беше тензична. Полицијата во неколку наврати се обидела да спречи дел од протестантите коишто сакале да делат своја правда.
Наташа Гркова- Петрушевска
