Пакистан
Три години затвор за поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан
05.08.2023 18:28
Правните експерти велат дека осудителната пресуда може да му ги елиминира шансите за учество во националните избори пред почетокот на ноември.

Три години затвор за поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан поради незаконска продажба на државни дарови – одлучи првостепениот суд. Полицијата го уапси кан во неговиот дом.
Правните експерти велат дека осудителната пресуда може да му ги елиминира шансите за учество во националните избори пред почетокот на ноември.
Тимот на Кан ќе ја обжали одлуката.
Поранешниот премиер беше разрешен од функција со гласање недоверба во април лани. Оттогаш се соочува со повеќе од 150 судски случаи, вклучувајќи корупција, тероризам и поттикнување насилство на протести.
