Македонија

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

05.08.2023 18:05

Хеликоптерската единица за полициски намени дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот...

Денеска Хеликоптерската единица за полициски намени дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 11.30 часот.

Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода.

Пожарот е целосно локализиран, информираат од МВР.