Пожар во Детското ликовно студио во Битола
21.05.2014 10:15
Уништен е целокупниот фонд од слики кои за два дена требаше да патуваат на 32-рата Светска ликовна изложба во рамките на Малиот Битолски Монмартр...

Изутрината околу 6 часот и 30 минути целосно изгоре долниот кат од зградата на Детското ликовно студио во Битола.
Уништен е целокупниот фонд од слики кои за два дена требаше да патуваат на 32-рата Светска ликовна изложба во рамките на Малиот Битолски Монмартр.
Противпожарната екипа дејствуваше брзо и успеа да ги спаси двата горни ката во кои исто така има богатство од слики на малите уметници.
