Со европски пари се подобруваат условите за живот во битолски Баир
Со европски пари се подобруваат условите за живот на Ромите од битолската населба Баир. Се реконструираат улици, се обновуваат домови. Пристапот до образование и здравство останува болна точка…

Постепено се решаваат инфраструктурните проблеми во битолската населба Баир. Со европски пари се реализира проект за решавање на проблемите на луѓето кои живеат таму. Завршена е реконструкцијата на две улици, се врши обнова на 27 домови, кои доставиле комплетна документација.
Најгорлив е проблемот на 29-те семејства, вкупно 120 луѓе кои живеат под регионалниот пат во импровизирани куќи и без пристап до вода.
Проблем на оваа заедница е и образованието. 60% од работоспособното население не е образовано.
За реализација на проектот за битолски Баир, Европската унија одвои 150 илјади евра.
Александра Максимовска
