Свет
Пучистите во Нигер бараат помош од „Вагнер“
06.08.2023 17:35
Денеска истекува рокот на ултиматумот од западноафриканскиот блок ЕКОВАС кој бара итно ослободување на лидерот на Нигер и враќање на функцијата.

Пучистите во Нигер бараат помош од паравојската „Вагнер“. По воениот удар на крајот на јули со кој беше заробен претседателот Мохамед Базум, власта е во рацете на војската.
Денеска истекува рокот на ултиматумот од западноафриканскиот блок ЕКОВАС кој бара итно ослободување на лидерот на Нигер и враќање на функцијата.
Во меѓувреме, беше договорен план за воена интервенција доколку не се испочитува барањето.
