Сообраќај
МВР: 152 санкционирани возачи во Скопје, 87 за брзо возење
07.08.2023 08:43
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
