Грчките весници за убиството на Ангел
Грчкиот печат известува за убиството и инцидентите во Ѓорче Петров...

Голем дел од грчките медиуми јавија за убиството на осумнаесетгодишниот Ангел Петковски, нагласувајќи дека е убиен Македонец од страна на млад етнички Албанец.
Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, Катимерини, Нафтеборики, То вима, Реал, Имерсиа и Та неа се дел од грчките медиуми кои што информираа дека во Скопје се случувале "сериозни инциденти" и дека атмосферата во Ѓорче Петров била "екстремно тензична".
„Откако ја слушнаа веста за убиството на 18 годишното момче, граѓаните на Ѓорче Петров гневни излегоа на улиците и почнаа да палат и да кршат се што им се најде на патот“, информира Катимерини додавајќи дека овие инциденти според сите показатели добиле и меѓу-етнички карактер.
Весникот То Вима пак коментира дека епизодите од меѓу-етнички карактер често се случувале во Македонија и биле карактеристика на „кршливиот баланс меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство во земјата”.
Марија Котовска, постојан дописник на МРТ од Атина
