ЈП Водовод и канализација – Скопје

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

07.08.2023 11:53

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18)...

Водата во Скопје е безбедна за пиење. Ова го покажа последното испитување на Секторот за санитарна контрола, направено на 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, земени од 38 мерни места во Градот Скопје, во период од 31.07.2023 до 04.08.2023.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18), соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.