Македонија

Вработените во МИА продолжија со протестите

07.08.2023 14:51

Вработените истакнаа дека се надеваат дека премиерот Димитар Ковачевски, како што изјави во вчерашното интервју за МИА, ќе го одржи зборот и во најкус можен рок ќе се изнајде решение за барањата на вработените во Медиумската информативна агенција.

Вработените во АД МИА и денеска излегоа на предупредувачки протест, за време на полчасовната пауза пред просториите на Агенцијата. Новинарите и медиумските работници по седми пат го повторија ставот за итна реакција и зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот.

Вработените истакнаа дека се надеваат дека премиерот Димитар Ковачевски, како што изјави во вчерашното интервју за МИА, ќе го одржи зборот и во најкус можен рок ќе се изнајде решение за барањата на вработените во Медиумската информативна агенција.

Синдикалните организации оценуваат дека барањата на колегите од МИА се сосема реални и предупредуваат дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава.