Меси се искачи на шестото место по голови од слободен удар во историјата на фудбалот

07.08.2023 17:06

Овој гол беше 64-ти за Аргентинецот од слободен удар. Тој се искачи на 6-то место по оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот.

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси постигна гол од слободен удар утринава во осминафиналето на Лига купот против Далас (4:4, пенали 5:3).

Овој гол беше 64-ти за Аргентинецот од слободен удар. Тој се искачи на 6-то место по оваа статистичка категорија во историјата на фудбалот.

Напаѓачот на „Ал-Наср“ Кристијано Роналдо се наоѓа на 9-та позиција на вечната листа. Португалецот на 18 март постигна гол од слободен удар на натпреварот со Абха во првенството на Саудиска Арабија.

Меси и Роналдо се единствените моментални играчи кои се рангирани во топ 10 за најмногу голови од слободен удар во историјата на фудбалот.