ФИФА во завршна инспекција
„Итакеро“ Стадионот во Сао Паоло деновиве мина низ силен тест со натпреварот од Бразилската А лига меѓу екипите на Коринтијанс и Фигерензе со присуство на 40 илјади гледачи...

ФИФА ги прави последните напори да му помогне на домаќинот на претстојното светско првенство во фудбал да ја добие трката со времето и подготвено да го пречека стартот на 12 јуни. Инспекцијата започна од Сао Паоло, од „Итакеро“ стадионот на кој ќе биде премиерниот натпревар меѓу Бразил и Хрватска. Тој е еден од трите најпроблематични стадиони заедно со „Арена да Баиксада“ во Куритиба и „Арена Пантанал“ во Куиаба, на кои сеуште траат градежните работи.Оперативните тимови на ФИФА во наредните 20 денови ќе бидат присутни и на останатите стадиони на кои, ќе се одвива Мундијалот во Бразил.
„Фокусирани сме првенствено на обезбедување на потребните услови за 32-репрезентации. Како и на инфраструктурата за околу 3-те милиони навивачи, кои на стадионите „во живо“ ќе ги следат натпреварите“-вели Џером Валке, генералниот секретар на ФИФА.
„Итакеро“ Стадионот во Сао Паоло деновиве мина низ силен тест со натпреварот од Бразилската А лига меѓу екипите на Коринтијанс и Фигерензе со присуство на 40 илјади гледачи, многу помалку одошто е капацитетот на стадионот. Причината за редуцираната посета се градежните работо на кровната конструкција. „Арена Пантанал“ и „Арена да Баиксада“ во целост се испитани како времени структури, со тоа што продолжува инсталирањето на планираните работи.До крајот на оваа седмица, ФИФА ќе направи инспекција и на стадионот „Маракана“ во Рио, на кој на 13 јули ќе се одигра финалето.
