Временска прогноза
Умерено облачно и посвежо време
08.08.2023 08:13
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје умерено облачно со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 26 степени.
