Положување венци во спомен на загинатите припадници на македонската Армија
Денеска делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во Прилеп и во месноста Карпалак ќе им оддаде почит на армиските резервисти кои загинаа пред 22 години...

Денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија која ќе положи венец со свежо цвеќе во спомен на десеттемина бранители, припадници на Армијата кои во 2001 година го загубија својот живот кај месноста Карпалак на патот Скопје – Тетово.
Пред комплексот Карпалак, во центарот на Прилеп свежо цвеќе ќе положи делегација на Собранието во состав Миле Талевски, Олга Лозановска и Ане Лашкоска.
