148 санкционирани возачи во Скопје, 31 за брзо возење
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
