СЛОВЕНИЈА
Урнати мостови, илјадници евакуирани по катастрофалните поплави во Словенија
08.08.2023 09:51
Според досегашните проценки, материјалната штета се очекува да достигне неколку милијарди евра...

Најмалку шест лица загинаа во катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме кое ја зафати Словенија. Според досегашните проценки, материјалната штета се очекува да достигне неколку милијарди евра. Илјадници граѓани се евакуирани низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ги расчистат улиците.
Земјите од Европската унија понудија помош и поддршка со тешки машини и инженерски единици. Побарани се и хеликоптери, војници и монтажни мостови од на НАТО.
