Украина

Напади врз неколку украински региони, има загинати и повредени

08.08.2023 10:14

Мета на проектилите „Искандер“ биле станбени згради...

Спасувачка операција во неколку украински региони по руските ракетни напади. Мета на проектилите „Искандер“ биле станбени згради. Има жртви и повредени. Украинскиот претседател објави дека има напредок во секторот Бахмут но и дека дома се вратени војници заробени на фронтовите.

„Уште 22-ца се вратија дома во Украина. Меѓу нив, 20 се војници и наредници, а двајца се офицери – воини на вооружените сили. Меѓу нив има и повредени. Тие беа заробени на различни фронтови. Ќе направиме се за да ги вратиме во Украина сите наши луѓе кои моментално се наоѓаат во руско заробеништво“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски вели дека земјата постојано го зголемува производството на оружје и муниција за да ги исполни барањата на фронтот во тековна војна со Русија.