кабинет

Претставник од Кабинетот на Претседателот оддаде почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

08.08.2023 11:39

Заменик-генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Тоше Зафиров денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје..

Заменик-генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Тоше Зафиров, по повод 22-годишнината од загинувањето на 10-те армиски резервисти кај месноста Карпалак, денеска положи цвеќе пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, а ќе положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во Прилеп.