САД

Две лица загинаа во невремето што го зафати источниот дел на САД

08.08.2023 11:48

Илјадници летови беа откажани или одложени поради невремето што го зафати прометниот коридор што ги поврзува градовите Атланта, Вашингтон и Њујорк Сити...

Невреме го зафати источниот дел на САД. Најмалку две лица загинаа. Маж во Алабама починал откако во него удрил гром, а тинејџер загинал од паѓање на дрво во Јужна Каролина.

Илјадници летови беа откажани или одложени поради невремето што го зафати прометниот коридор што ги поврзува градовите Атланта, Вашингтон и Њујорк Сити.

Изобилните врнежи предизвикаа поплави во Балтимор и други области во Мериленд. Неколку луѓе во Пенсилванија и Вирџинија останаа заробени во домовите, откако врз покривите од нивните домови паднаа дрвја.