Бан Ки-Мун: Украинската криза може да се реши само преку дијалог
21.05.2014 11:48
Кризата во Украина може да се реши само преку политички дијалог е ставот на генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-Мун и рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Шангај.
Бан Ки- Мун ги поддржа претседателските избори кои треба да се одржат в недела и изјави дека тоа е можност да се дојде до посакуваниот мир и стабилност во земјата.