Црвен крст

Црвен крст отвори линии за помош на настрадините во поплавите во Словенија

08.08.2023 12:25

Од резервите на организацијата е издвоена првична помош од 5 илјади евра...

Црвениот крст ги отвори линии за помош на настраданите во поплавите во Словенија. Од резервите на организацијата е издвоена првична помош од 5 илјади евра. Понудени се и волонтери, односно тимови за интервенција кои во зависност од потребите веднаш може да бидат ставени во функција.

Граѓаните можат да донираат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст, како на телефонските броеви 143 400 на мобилните оператори. Со еден повик се донираат 100 денари.