Сто припадници на АРМ заминуваат во Словенија да помогнат по поплавите кои ја зафатија земјата
Сто македонски војници, од различен состав, ќе помагаат расчистување на теренот по катастрофалните поплави во Словенија. Министерката за одбрана, Петровска, рече дека било побарано и материјално-технички средства, но во моментот не сме биле во можеме да испорачаме...

Сто припадници на македонската армија заминуваат за Словенија да помогнат во справувањето со последиците од големата поплава којашто ја зафати земјата. Војниците се од различен состав и ќе одговорат на потребите на пријателската држава и наш сојузник во НАТО, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска, којашто појасни дека е тоа побарано преку механизмот за помош и поддршка во кризни ситуации. Таа тврди дека властите во Скопје, веднаш исконтактирале со официјална Љубљана за да се координираат и да се утврдат потребите за помош.
Словенија побара и други технички средства и материјална-техничка поддршка, за којашто во моментов не сме во можност да одговориме, рече Петровска.
Ова следува откако претседателот Пендаровски, како врховен командант на македонската армија, издаде наредба до началникот на Генералштабот, Ѓурчиновски, да подготви контингент војници кои најскоро би биле испратени напомош во Словенија.
Игор Панов
