Регионалниот блок на Западна Африка неделава ќе разговара за состојбата во Нигер
Лидерите од Западноафриканскиот блок неделава ќе разговараат за состојбата во Нигер. Американскиот Стејт департмент ја запре помошта од над 100 милиони долари за Нигер...

Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави на состанок за идните чекори откако воената хунта во Нигер не го испочитува крајниот рок, поставен со ултиматумот, за враќање на соборениот претседател Мохамед Базум.
„Сметаме дека хунтата ќе создаде услови што ќе доведат до демократска транзиција. Не сакам да им дадам распоред на оние кои моментално се на власт, но најважно е да се осигураме дека ќе се вратиме во демократска ситуација и дека ќе можеме да имаме амбиции да го развиеме Нигер, бидејќи тоа е најважното“, изјави Амаду Руфаи Махаман, член на опозициска партија во Нигерија.
Воените лидери на Мали и Буркина Фасо испратија делегации во Ниамеј за да покажат единство со водачите на пучот во Нигер по регионалните закани. Двете земји претходно предупредија дека секоја странска интервенција ќе се смета како објавување војна против нив. Американскиот Стејт департмент ја запре помошта од над 100 милиони долари за Нигер.
„Дали Африка ја редефинира својата демократија преку воени удари или Африка е исто така под закана од надворешните демократски принципи? Затоа што се чини дека кога Германија или Франција или сад зборуваат, ние почнуваме да скокаме. Но, исто така, не ги дефинираме нашите сопствени демократски практики бидејќи навистина треба да имате воено-цивилни односи, војската е во касарната, не е во државната куќа“, изјави Сифо Мантула, истражувач на универзитет во Јужна Африка.
Регионалните тензии се зголемија по пучот пред две недели, кога хунтата го собори Базум и на негово место го постави генералот Абдурахман Тчиани, поранешен шеф на претседателската гарда, за шеф на државата.
Марина Ристова
