Царината заплени 184 обврзници вредни 92 милиони долари, отворена е финансиска истрага
Царината заплени 184 обврзници од по 500 илјади долари, во вкупна вредност од 92 милиони долари. Патникот бил турски државјанин кој пристигнал со летот од Истанбул и се обидел да ги избегне контролите. Обврзниците се одземени, отворена е финансиска истрага …

184 обврзници вредни 92 милиони долари спакувани во четири папки, запленила Царинската управа при рутинска контрола на Скопскиот аеродром. Тие биле пронајдени во црна рачна торба кај турски државјанин кој допатувал во земјава од Истанбул. Цариниците ги откриле обврзниците при контрола со скенер, но и по дополнителните контроли и разговори со патникот. Во истрагата вклучени Интерпол и други меѓународни институции, информираше директорот Богоев.
Царинската управа ги предала обврзниците на Агенцијата за управување со одземен имот. Против турскиот државјанин е поднесена пријава, а Основниот суд му изрече парична казна. Отворена е и финансиска истрага во која ќе се докажува евентуален обид за измама или перење пари.
Викторија Милевска
