Македонски војници ќе помагаат во Словенија
100 војници од различни состав и на македонската армија заминуваат да помогнат со големите поплави. Словенечкиот премиер Голоб најави дека ќе мора да обезбедат што е можно повеќе пари од европските фондови и странска помош. Проекциите за штетите ревидирани-ќе се бројат во неколку милијарди евра…

Владата ја донесе одлуката. 100 припадници на македонската Армија, меѓу нив пешадија, инженери, ренџери заминуваат за Словенија да помогнат во справувањето со последиците од големата поплава којашто ја зафати земјата. Таму ќе останат 30 дена. Војниците се од различен состав, а веќе имаат слично искуство со поплавите во скопско пред седум години. Дел биле ангажирани и во други мисии надвор од државата.
Министерката за одбрана Петровска рече властите во Скопје веднаш исконтактирале со официјална Љубљана за да се координираат и да се утврдат потребите за помош, којашто е побарана преку механизмот за помош и поддршка во кризни ситуации.
Испраќањето припадници на Армијата и опрема следува откако претседателот Пендаровски како врховен командант на македонската армија издаде наредба до началникот на Генералштабот Ѓурчиновски да подготви контингент војници кои најскоро би биле испратени напомош во Словенија.
Игор Панов
