На најстариот фестивал во БиХ „Студентско лето“, Македонија ќе ја претставуваат четворица изведувачи
Македонија оваа година ќе ја претставуваат четворица интерпретатори – Мите Стоилков и Огнен Здравковски од Скопје, Никола Зацески од Битола и Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица. Тие ќе настапуваат и ќе се натпреваруваат во рамките на забавната програма.

51-от Меѓународен фестивал на млади пејачи „Студентско лето“ Маглај ќе се одржи на 8-ми и 9-ти септември годинава. Тој е еден од најстарите фестивали во Босна и Херцеговина. Тука кариерата ја имаат започнато многу имиња од светот на музиката-Верица Ристевска, Северина, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Данијел Поповиќ и други.
Македонија оваа година ќе ја претставуваат четворица интерпретатори – Мите Стоилков и Огнен Здравковски од Скопје, Никола Зацески од Битола и Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица. Тие ќе настапуваат и ќе се натпреваруваат во рамките на забавната програма. Преку 30 учесници од седум земји ќе настапат во придружба на големиот фестивалски оркестар под водство на проф. Амир Мухаремовиќ. Оваа година фестивалскиот оркестар ќе биде дополнително проширен со врвни академски музичари.
„Студенстко лето“ е основан далечната 1964-та година, додека 1970-та година тој се искачува на ранг на фестивал победник на регионалните фестивали. Изведувачите беа придружувани од ревиски оркестри на РТВ Белград, Загреб, Љубљана, Нови Сад, како и оркестрите под водство на Ѓура Пемзеш, Раде Јовановиќ, Јовица Петковиќ, Радојка и Тине Живковиќ и многу други.
Учесниците, кои оваа година доаѓаат од седум земји ќе бидат оценувани од стручно жири со кое претседава Јован Адамов, композитор, продуцент и диригент од Нови Сад, жири на новинари од целиот регион и публиката во салата.
Минатата година, Македонија исто така беше представувана од четворица изведувачи – во рамките на народната програма настапи Кристијан Демјански, додека на вечерта на забавна музика настапија Јана Спирковска, Иван Илиев и Омар Џафероски.
Големиот интерес на публиката и медиумите е потврден и од досегашната посетеност на „Студенстко лето“. Оваа година за фестивалот известуваат медиуми од Словенија, Србија, Хрватска, Македонија, како и Босна и Херцеговина.
Настанот ќе биде отворен со стиховите на фестивалската химна „Запјевала једна младост под тврђавом нашом“, за која музиката ја напиша Бењамин Хасаниќ, кој воедно е лице задолжено за избор не пејачите и фестивалските вечери.
Организацискиот одбор оваа година го сочинуваат Елдина Мехинагиќ (претседателка), Арнела Тумбиќ, Јосип Антуновиќ и проф. Бењамин Хасаниќ.
Фото: Facebook/ Festival Studentsko ljeto