На три недели пред почетокот на СП во Бразил

ФИФА го прославува 110-от роденден

21.05.2014 12:01

На 21 мај 2014, денеска, ФИФА го прославува 110-от роденден. На точно 22 дена пред почетокот на Мундијалот во Бразил, Светската Асоцијација одбележува единаесет децении од формирањето во Париз. Погледите на фудбалската јавност во овој период се вперени речиси десет илјади километри подалеку од местото на нејзиното раѓање, кон најголемата јужноамериканска држава, каде што на 12 јуни ќе биде отворен најголемото спортско случување на планетава.

„Денеска прославуваме посебна и единствена годишнина. Пред точно 110 години на денешен ден, фудбалските асоцијации на Франција, Белгија, Данска, Холандија, Шпанија, Шведска и Швајцарија во Париз ја основале ФИФА“, пишува претседателот на ФИФА Сеп Блатер во писмото до нејзините 209 членки. “Господата коишто биле присутни на тогашниот чин поставиле пред ФИФА јасни, суштински и многу едноставни цели: развивајте го фудбалот, организирајте меѓународни натпревари, решавјте спорови. До денес, тие остануваат нашите фундаментални принципи.“

Уште од формирањето ФИФА не е само институција којашто се грижи само за фудбалот којшто се игра на терените, туку има огромно спортско влијание и на општеството во целина. На почетокот на дванаесеттата деценија од постоењето на ФИФА, светот е во исчекување на најголемиот настан на светот во спортот којшто првпат по 64 години се враќа на местото коешто многумина го сметаат за негов духовен дом.