Временска прогноза
Наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
09.08.2023 08:00
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8...

Наутро ведро и посвежо време, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје наутро посвежо, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.
