Македонија

Во Крушево се одржува Светско првенство во змејарство

09.08.2023 08:08

Крушево ја потврдува етикетата на врвна светска дестинација во алтернативните спортови и туризмот. Домаќин е на 23-тото Светско првенство во змејарство...

Преку 130 пилоти од 21 земја наредните две недели ќе се натпреваруваат на Светското првенство во змејарство во Крушево. Градот е домаќин на врвен меѓународен настан од авантуристичките спортови. Овде пилотите летаат многу побрзо од параглајдеристите.

Првенството е подготвувано три години зашто Ковидот го одложи. Сега Крушево заслужено е домаќин на елитата во светското змејарство.

Ова големо првенство ги раздвижува локалната економија и алтернативниот туризам во Крушево кое е светски призната дестинација.

Со врвната умешност во светското змејарство, Крушево ќе живее две недели.

 

Елизабета Митреска