Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Франциск
21.05.2014 13:07
Во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со италијанскиот колега Џорџо Наполитано...

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.
По аудиенцијата кај Папата, шефот на државава се сретна и со државниот секретар на Светиот Престол, Монсињор Пјетро Паролин. Иванов ја прAnchorедводи македонската државна и црковна делегација што престојува во Рим и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“.
Во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со италијанскиот колега Џорџо Наполитано, а ќе одржи и предавања на универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол и на Институтот на Франко Фратини.
Во културната програма за чествувањето на „Свети Кирил“ се изложбата „Словенски ракописи од Македонија од 13-от до 19-от век“ и изведба на балетската претстава „14 часа“ во театарот „Курино“.
Црковната делегација ја предводи поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија господин господин Стефан, а во нејзиниот состав се и претставници на МПЦ и на Католичката црква во Македонија.
