Сообраќај
МВР: 73 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола
09.08.2023 10:47
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови...

Денес на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
