Социјала

Пензионерите од Скопје денеска на протест

09.08.2023 11:45

Пензионерите од главниот град денеска одржаа протест пред Жена парк, со што им се приклучија на пензионерите од другите градови кои веќе излегоа и побараа покачување на минималната пензија...

Пензионерите од главниот град денеска одржаа протест пред Жена парк, со што им се приклучија на пензионерите од другите градови кои веќе излегоа и побараа покачување на минималната пензија. Бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите.

На протестот во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски туку за егзистенцијален протест.

Бранот на незадоволство ги зафати и пензионерите, кои со протести во неколку градови побараа месечно линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и најавија помасовни протести ако не им се прифати барањето