НИГЕР
Блинкен оствари телефонски разговор со сменетиот претседадел на Нигер
09.08.2023 11:51
Упатил повик до пучистите веднаш да го ослободат...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со сменетиот претседател на Нигер, Мохамед Базума, повторувајќи го повикот до пучистите веднаш да го ослободат. Претходно воените лидери го затворија воздушниот простор над земјата, по најавите за воена интервенција и отфрлањето на ултиматумот од „ЕКОВАС“ за итно ослободување на претседателот.
Бунтовниците извршија воен удар во Нигер на 26 јули.
