политика

Социјалдемократите повикуваат на обединување на сите пратеници за усвојување на Манифестот за преговорите со ЕУ

09.08.2023 14:39

Девет дена до седницата за уставните измени во законодавниот дом. По објавување на манифестот, владејачката СДСМ повикување на обединување за поддршка на објавениот манифест и за уставните измени. Опозицијата чека да го добие документот, велат ако има основа ќе изградат став. Според ВМРО-ДПМНЕ-власта покажуваат отсуство на капацитет за градење на консензус …

СДСМ со нов повик до ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието. Според нив, тој е добра основа за градење единство околу европската иднина на земјава. Од владејачката партија велат дека законодавниот дом со овој документ ќе дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ не го менува ставот – со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле Манифест со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Со ова, како што велат во ВМРО-ДПМНЕ, тие покажуваат отсуство на целосен капацитет за градење консензус.

Иницијатори на Манифестот се 12 политички партии кои се дел од владиното и парламентарно мнозинство на коалицијата на СДСМ и ДУИ.

 

Игор Панов