Леброн и Вејд за брејк!
Мајами и ја одзема предноста на домашниот паркет на Индијана во финалната источна серија во НБА лигата. Шампионот славеше на гости со 87:83 и израмни на 1:1. Во рамноправен натпревар, клучни беа серијата од 12:2 и заедничките 22-та поена на Леброн Џејмс и на Двејн Вејд во последната четвртина во којашто Мајами уфрли вкупно 25.
Леброн Џејмс реализираше 22 поена, 7 скока и 6 асистенции, а Двејн Вејд 23 коша, 5 скока и 6 успешни додавања. Најрасположен кај „Пејсерс“ беше Ленс Стивенсон со 25 поени, 6 скока и 7 асистенции.

Следните два натпревара во серијата во којашто за подобар се потребни четири победи ќе се одиграат во Мајами.