Реакција на Кабинетот на Претседателот

Пендаровски е редовно информиран за продажбата на објектот на Мисијата на поранешна СФРЈ при ООН во Њујорк

09.08.2023 15:21

Според реакцијата, 3,4 милиони долари се веќе префрлени, а се очекува наскоро да биде префрлен и остатокот од 600 илјади. Овие информации до Пендаровски ги проследило надлежното министерство.

Претседателот Стево Пендаровски е информиран за продажбата на објектот на мисијата на поранешна Југославија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк, за што се добиени четири милиони американски долари, соопштија од Кабинетот на шефот на државава по наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека парите не се на сметката во буџетот на земјава.

Според реакцијата, 3,4 милиони долари се веќе префрлени, а се очекува наскоро да биде префрлен и остатокот од 600 илјади. Овие информации до Пендаровски ги проследило надлежното министерство.

Претседателот очекува, согласно владините заклучоци, да се искористат за купување простории за македонската постојаната мисија во ООН и за објект за амбасадата во Софија, се вели во соопштението од Кабинетот.