Свет
Полска испраќа 2.000 војници на границата со Белорусија
09.08.2023 18:31
Кусо по најавата од Варшава, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека Русија ќе ги засили своите единици на западните граници..

Полска објави дека испраќа уште две илајди војници на границата со Белорусија откако неутврден број борци на руската приватна воена компанија „Вагнер“ во јули пристигнаа во Белорусија по покана на претседателот Александар Лукашенко.
Кусо по најавата од Варшава, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека Русија ќе ги засили своите единици на западните граници, а меѓудругото го обвини западот дека распоредил околу 360 илјади војници во близина до границата меѓу Москва и Минск.
