Пожар го пеплоса првиот кат на Детското ликовно студио во Битола
На два дена до почетокот на 33-тата детска ликовна колонија, Битолското детско ликовно студио ги доживува најтешките моменти од своето постоење. Пожарот што утринава избувна на околу чардакот на зградата го пеплоса првит кат и целокупното ликовно творештво сместено во овој дел од студиото...

Изгоре значителен дел од трудот на малите ликовни творци, кој низ светот го шират детскиот ликовен дух полни 33 години. Пожарот што изутрната окулу 6 часот и 30 минути избувна на чардакот од зградата први го забележаа раководителот на детското студио и двајцата техничари од „Народниот Театар“ кој го украсувале платото и старата чаршија на два дена до почетокот на 33-тото интернационално издание на „Малиот Битолски Монмартар“.
„Како и секоја и оваа година дојдовме да помогнеме. Во оваа несрка среќа е што бевме тука и навраме го забележавме пожарот. Веднаш интервенираше противпожарната единица, инаку последиците ќе беа далеку поголеми“, вели еден од двајцата техничари на Битолскит театар.
„Ние дуќанџиите сме едни од најверните подржувачи на манифестацијата. Кога го отварав дуќанот бев згранат од сликата, а како и не кога емотивно сме поврзани со децата и манифестацијата. Сепак најважно е што нема човечки загуби“, вели Пеце Копуновски, еснаф од старата чаршија во Битола.
Брзата интервенција на противпожарната единица спречи огнената стихија да се прошири на вториот и третиот кат или да бидат зафатени и соседните објекти, но сепак штетата е голема.
„Првиот кат е целосно уништен и целокупното ликовно богатство сместено во овој дел и макотрпно беше создавано во изминативе години“, со солзи во очите рече ликовниот педагог Коста Хаџиантоновски.
Огнените јазици пеплосаа и 300 од вкупно 900 ликовни творби поместени за 32-рата „Светска ликовна изложба“.
Од утрнава старата битолска чаршија е во шок. Но, и покрај големата штета од Монмартар велат дека 33-тото издание ќе биде одржано.
Во меѓувреме истрагата треба да даде одговор на тоа кои се вистинските причини за избувнувањето на пожарот.
Стевче Митревски
