Скопје

Тешка сообраќајка кај ТЦ „Бисер“

09.08.2023 17:45

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје, пренесува МИА.

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.