Свет

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија

09.08.2023 19:21

Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.

Германски државјанин е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти.

Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка на Армијата.

Од мај тој во неколку наврати самоиницијативно се обратил до рускиот конзулат во Бон и до руската амбасада во Берлин, нудејќи соработка.