САД
Убиен маж во Јута кој му се заканувал на Бајден
10.08.2023 08:38
Осомничениот Крег Робертсон бил под истрага уште од април...

Маж од Јута кој бил под истрага за наводни закани кон претседателот Џо Бајден и други лица, е убиен за време на рација на федералното истражно биро. Осомничениот Крег Робертсон бил под истрага уште од април. На социјалните мрежи објавувал бројни закани.
Последната објава, на само три дена пред посетата на Бајден на Јута, сугерирала дека планира да преземе конкретни чекори кои ФБИ ги оцени како веродостојни. Пукањето се случило во време додека специјалните агенти се обиделе да издадат налог за апсење и претрес.
