мвр
143 сообраќајни прекршоци во Скопје
10.08.2023 08:42
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, три санкции за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
