МВР

Санкционирани 22 мотоциклисти на подрачјето на СВР Куманово

10.08.2023 09:52

Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...

Во текот на вчерашниот ден спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Куманово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 22 возачи.

Од нив, 21 во Куманово и еден во Кратово. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.