МВР
Двајца загинати и тројца тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман
10.08.2023 10:17
Итната медицинска помош веднаш излегла на местото на несреќата. Смртта кај двете лица била констатирана на лице место...

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Итната медицинска помош веднаш излегла местото на несреќата. Смртта кај двете лица била констатирана лице место.
На терен интервенира и територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари. Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила. Се врши увид,од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна.
