Од дождовите нема бериќет за сите земјоделци
Моменталната состојба со сеидбата на оризот е полоша од минатогодишната кога задоцнетата сеидба, оризопрозиводителите од неколку кочански села ги остави без род...

Пролетните дождови им ја удавија надежта на оризопроизводителите за добар род. Презаситените со влага и наместа поплавени оризови полиња, нема да можат да се обработуваат најмалку уште 15 дена, со што ќе бидат пробиени сите оптимални рокови за сеидба на оризот.
„Проблем е што паднаа многу дождови. не може да се влезе во нивите да се изораат. Сеидбата доцни. Ништо нема да направие и оваа година“, тврдат земјоделци од Чифлик.
„Водата ја пуштија многу рано. Нивите во средината на полето стојат необработени, а земјоделците не можат да дојдат до нив“, смета земјоделец од кочанскоот село Спанчево.
Моменталната состојба со сеидбата на оризот е полоша од минатогодишната кога задоцнетата сеидба, оризопрозиводителите од неколку кочански села ги остави без род.
„Ако не се заврши со сеидба до крајот на месецот, ќе нема ни зрно да се сее повеќе. оризот ќе го снема од полињата“, сметаат земјоделците.
Освен оризите, големите количини вода се опасност и за околу 10 отсто од посевите со јачмен и пченица.
„Кај дел од јачменот и пченицата кои биле обилно ѓубрени во изминатиот период и каде имало појава на ветер, е забележано полегнување. Во зависност од степенот на полегнувањето, може да се очекува и загуба на зрното“, истакна Васко Златковски од Земјоделски факултет – Штип.
За среќа, состојбата овде е преодна, а влагата во почвата и моенталната состојба со пченицата и јачменот ветува богата жетва кај овие култури, сметаат земјоделските стручњаци.
Инаку, во источниот регион на државата, под ориз се 4.000, додека под пченица и јачмен 15.000 хектари.
Оливера Жежова
